More

    Првпат изведен метод за стент на лак на аорта на Клиниката за кардиохирургија

    На ЈЗУ Државна кардиохирургија во Скопје првпат во регионот е изведен метод на ставање стент на лак на орта, кој ќе овозможи полесен третман на пациентите кои се во потешка здравствена состојба, а за кои постои висок ризик од смртност при хируршки зафат, соопштија денеска на прес-конференција, директорот на Клиниката за кардиохирургија д-р Марјан Шокаровски и д-р Никола Лазовски.

    Се работи за воведување на нова ендоваскуларна метода која што првпат се изведува во регионот, а можам да кажам и пошироко, со која на многу полесен начин ќе им овозможи третман на пациентите кои што се во потешка здравствена состојба. Се изведува со полесна анестезија и престојот во болница е пократок, рече директорот Шокаровски.

    Досега на Државната кардиохирургија, како што објасни д-р Никола Лазовски ставањето стент на лак на орта како метод се работи рутински хируршки отворено и хибридно.

    Ова е нашиот најнов придонес во доближувањето до современата медицина. Најпрво би сакал да се заблагодарам на сите субјекти особено на тимовите кои придонесоа до успешна реализација на овој метод. Се работи за специфичен метод што се изведува првпат во Македонија, а и пошироко. Ставаме стент на лак на орта кај болест која што се вика аунемуризма на лак на орта. Станува збор за сериозна болест, со многу висока смртност доколку не се лекува, рече Лазовски.

    Тој додава дека овој метод се користи за пациенти што имаат висок ризик на операција и во случаи кога се проценува дека пациентот нема да може да издржи хируршки третман.

     

     

    republika

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img