Била бремена кога дознала дека има рак, докторите и давале само три години живот, но таа е сеуште жива и со семејството

На Ројзин Пелан-Браун во 2014 година и бил дијагностициран рак на дојка, а во 2018 година лекарите и кажале дека и останале само уште три години живот.

Била бремена кога дознала дека има рак, а имањето на ќерката Ајви била една од главните работи што ја терале да се бори за нејзиниот живот.

Знаев дека ќе направам апсолутно се што можам за да останам со неа што е можно подолго. – вели оваа жена.

Тогаш решила да го промени начинот на исхрана и да ги убеди лекарите да ја оперираат.

Пет години подоцна, Ројзин се уште е со сопругот и ќерката, а неодамна посвоиле син.

Како што вели, друго нешто што и помогнало да остане здраворазумно во тешките моменти било пишувањето, а подоцна пишувањето колумни со кои им помогнала на многу луѓе.

Тогаш наеднаш и дошла идејата да основа сопствен бренд за облека на кој се испишани разни мотивациони пораки и е презадоволна како и напредува бизнисот.

– Сега не би ја менувала кариерата за ништо, го сакам тоа што го работам. Сакам да слушам од моите клиенти за тоа како и зошто тоа им помогнало на нив или на некој што го сакаат во тешка ситуација. Ракот ми зеде толку многу, но леле – ми даде многу повеќе – заклучила оваа храбра девојка, пренесе Мирор.

 

vesnik.com