Нова демократија на Мицотакис е апсолутен победник на изборите во Грција. Освои широко мнозинство во парламентот.
Со 158 пратенички места Мицотакис може да формира еднопартиска Влада.
Нова демократија освои 40,52-ва отсто од гласовите, или близу 23 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА на Ципрас.
На трето место е ПАСОК со 32-ве пратенички места, а Комунистичка партија има 20 пратеници.
Во Парламентот, со 13 пратеници влегува и досега непознатата десничарска партија Спартанци.
„Грчко решение“ има еден пратеник помалку, а Победа добива десет пратеници.