(ФОТО) Лила во посета на Острошкиот манастир

По битката која ја доби со болеста нашата позната водителка Лила Стојаноска, својот летен одмор го започна со прошетка во блиската околина, посета на Острошкиот манастир во Црна Гора.

Притоа таа го прошета и стариот град во Будва а при посетата на Отрог таа во својата објава на Инстаграм напиша:

-Велат дека нема да одиш на Острог дури Св Василиј не те повика ! И еве конечно, денес дојдов во еден од најпосетените манастири воопшто посветен на еден од најпочитуваните светци во христијанството за кого се верува дека е чудотворец и исцелител Св Василиј Острошки 🙏 Манастир во кој доаѓаат сите без разлика на вера и религија ❤️А како и не би бил кога неговите мошти се изложени и многумина сведочат на чуда. Место се неверојатна енергија каде се губиш во простор и време и каде што имаш чувство дека немаш веќе никаква мака и проблем ❤️ Ви посакувам здравје пријатели мои 🫶

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)