Како силувач на жени успеа да стане „жена“ и да оди во женски затвор во Британија?

Дали знаете дека силувач во Британија законски сам себе се прогласи за жена, доби документи во кои стои дека е жена, и за силување жени, како оригинален маж со пенисот на него, и документ дека е жена заврши во женски затвор ?
Маж кој имал извршено две силувања на две жени во Британија, заминал да ја отслужи својата повеќе годишна затворска казна во женски затвор и притоа не извршил никакви интервенции на своето тело. Тој и натаму има пенис, и натаму сака секс со жени, а единствено нешто што го однело во женски затвор е тоа што пред да оди на издржување на казната, го искористил законското право кое се воведе во Британија и извадил нови лични документи во кои побарал да стои дека е жена и човекот кој треба да одлежи казна за силовање жени,  бил одведен во затвор за жени.
Ова Британската јавност го слушна од како сопругата на мажот ја алармирала јавноста дека нејзиниот сопруг силовател заминал во затвор, ама во затвор за жени. Најголем дел од медиумите во Британија го игнорираа ова и не ја информираа јавноста, но пошироката јавност за тоа дозна во интервју со сегашниот премиер Риши Сунак, кое го правеше познатиот британски новинар Пирс Морган кој го праша премиерот Сунак : Што е тоа жена ? И дали знае дека човек кој силовал две жени завршил во затвор за жени.
Премиерот Сунак кажа дека родовата еднаквост отворила многу предизвици со кои општеството треба да се сорави.
По ова  мажот кој  силувал жени и се прогласил за жена за да оди во затвор со жени бил дислоциран од тој затвор и однесен во затвор за жени. Медиумите во Британија не објавуваат анализи и информации дали на овој човек му се прекрѓени правата бидејќи се декларира како жена, а сега е во затвор со мажи.
News1.mk
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ПИРС МОРГАН СО РИШИ СУНАК