(ФОТО) Постер во чест на девојчето со крофните од Нови Сад, направи македонскиот сликар Зоран Кардула

Македонски графички дизајнер и сликар Зоран Кардула изработи постер со кој и оддава признание на малата Нина Нинковиќ од Нови Сад, која продаваше крофни за лекување на својот татко.

„Нина девојчето со крофните“ морав да и направам постер како благодарност за нејзината љубов и борба да собере пари за лекување на својот татко. – би сакал некој од Нови Сад да ми пише за да му ја пратам припремата и ако е во можност да го испринта постерот за да ѝ го поклони на Нина, напиша Кардула на Фејсбук.

Нина ги обедини граѓаните на Нови Сад и Србија, кои деновиве во редици чекаа за да купат крофни. Со парите што таа ги собра од продажбата нејзиниот татко треба да замине на лекување во Москва.

espreso.mk