Огласот за работа на гробишта во Србија е хит: „Бараме комуникативна личност…“

Оглас за работа во Србија стана хит на социјалните мрежи и насмеа многумина откако Јавното комунално претпријатие Горњи Милановац на својата официјална веб-страница објави дека бара комуникативна личност која ќе работи во позитивно опкружување – на гробишта, пишува. Кликс.

„ЈКП Горњи Милановац поради зголемениот обем на работа огласува потреба од привремени вработувања на работници за отстранување отпад и работници на гробишта. Доколку сте комуникативни, одговорни и заинтересирани да работите во позитивно опкружување, можете да ја испратите вашата биографија на адресата Војвода Мишиќ 23. Станете дел од нашиот успешен тим“, се вели во огласот.

 

 

index.hr