Младиот бизнисмен Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, на конференцијата за медиуми што ја одржа минатата недела рече дека неговите деловни успеси воопшто не зависат од позицијата на неговиот чичко. Сепак дел од неговите фирми биле директно зависни од одлуките на некои државни институции – концесии за варовник и хидроцентрала и најновото – за иновации од Фондот за иновации и технолошки развој, објави mkd.mk.
На јавниот „конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој од 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети добија пари за кофинансирање на иновации.
Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“.
На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 3.102.998 денари (50.000 евра) запроектот „Daтa management Efficiency System).
Од фотографии по социјалните мрежи може да се види дека Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој е во блиски односи со семејството Ахмети.