Според српските медиуми, мајката на момчето убиец кое изврши масакр во Белград на 3 мај, сакала да влезе во Македонија за да оди на Охридското Езеро.
Мајката на Коста Кецмановиќ минатиот викенд се обидела да ја премине границата и да ја напушти Србија. Но, таа не ја планирала да ја носи ќерка си на море во Грција како што се претпоставуваше, туку на Охридското Езеро, дознава „Курир.рс“.
Српските служби ја вратиле од граничниот премин Прохор Пчињски затоа што истрагата против неа е во тек.
Момчето е во психијатриска установа откако уби 10 луѓе во своето училиште. Девет од жртвите се деца, а загина и чуварот во училиштето.
kurir.rs