Келнер кој влегува во водата до гуша за да услужи гости во ексклузивен бар на Родос, каде има пловечки лежалки, стана хит на ТикТок. Луѓето во коментарите велат дека тој сигурно зема плата од 5.000 евра месечно и дека и тие би го направиле истото.
Сопственикот на барот во изјава за грчките медиуми рече дека келнерот сам се понудил да влезе во водата.
– Ние не го натеравме сосила келнерот да влезе во вода. Водата му стигна до градите затоа што е премногу низок. Тој сам се понуди да ја однесе нарачката – рекол газдата за својот вработен.
Дел од порталите во Грција пишуваат дека келнерите во познатиот бич бар на Родос работат во слични услови од 2015-та година.
@protothema.gr #rodos #beach #bar #service #protothema #news #ελληνικοτικτοκ #greektiktok #fyp #tiktokgr ♬ πρωτότυπος ήχος – protothema.gr