ВМРО ДПМНЕ: Вработените во Здравствен дом Скопје останаа без здравствено осигурување

Без здравствено осигурување се вработените во Здравствен дом Скопје, aлармираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека вработените кои утрово имале потреба од здравствена услуга биле приморани да си платат приватно за прегледот и реализација на рецептите.

Медицинскиот директор, Виктор Исјановски и организацискиот, Вулнет Селими кој е назначен од министерот Меџити наместо да ги заплашуваат и казнуваат вработените од одредени поликлиники повторно во време на финансиска криза и инфлација, дополнително ги деградираат и демотивираат здравствените работници во оваа ЈЗУ и покрај лошите услови во кои работат.
Вака ли Селими и Исјановски се грижат за персоналот и кој го контролира и кој ќе го санкционира нивното ненавремено извршување на работните обврски, прашуваат од Комисијата.

извор: ФБ ВМРО ДПМНЕ