Во Истанбул фатени 353 нерегуларни мигранти

Полицијата во турската метропола Истанбул приведе 353 нерегуларни мигранти во неколку рации спроведени во 10 подрачја, јавува Анадолу.

Рациите се извршени во Ускудар, Кучукчекмеџе, Бејкоз, Сариер, Бакирќој, Есенлер, Кагитане, Бахчелиевлер, Умраније и Гунгорен.

Тие беа спроведени од Дирекцијата за борба против трговија со мигранти и гранични премини на Полициската управа на Истанбул, подружницата на поморското пристаниште и окружните полициски оддели.

Во рамките на операцијата, детално се прегледани и 26 туристички чамци.

За време на рациите, екипите ги провериле документите на 1.433 странски државјани, при што биле приведени 353 лица за кои било утврдено дека се нерегуларни мигранти.

По потребните процедури, мигрантите ќе бидат предадени во центарот за миграции на областа.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.