Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, правосилно осуден за „Титаник“ е однесен во затворот „Идризово“.
Тој посочи дека не се чувствува безбедно, а имајќи во предвид што се случувало претходно. Јанакиески со торби влезе во полициското возило, кое дојде да го спроведе.
„Земајќи во предвид што ми се случи претходно – не, но се ќе се издржи. Важно е фамилијата да биде здрава и жива“, рече Јанакиески.
Со оглед дека кажа дека не се чувствува безбедно, а во истражниот затвор „Скопје“, пред четири години беше нападнат од лица поврзани со случајот „Диво Насеље“, тој не сакаше да одговри дали се плаши од ликвидација.
Прашан за здравствената состојба, Јанакиески кажа: „Под седативи“.
Тој не знаеше до каде е процедурата за спојување на притворите од 4,6 години, за да му се засметаат во казната во „Титаник“.
Јанакиески е осуден на 3,6 години затвор во случајот „Титаник“ и е единствен до сите кои поднесоа жалба, што доби затворска казна. На остнаатите, казните им беа ублажени во условни.
vecer.mk