Младиот Никола ќе работи во општина Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски оддржа средба со 19 годишниот Никола Ѓорѓиев кој боледува од рак на коски и за кого цела Македонија се обедини во хуманоста.

На средбата градоначалникот Стефковски го информираше младиот Никола дека донел одлука да го вработи во општинската администрација и истиот да биде дел од неговиот тим.

– Кога прв пат го сретнав Никола, запознав еден млад човек, полн со живот, кој ми кажа дека по сите предизвици со кои се соочил во животот, сака да се вработи и да биде самостоен човек. Таа желба на Никола од денес станува реалност. Никола ќе биде дел од мојот тим и ќе има можност да даде свој придонес во напредокот на општина Гази Баба. Што се однесува до лекувањето на Никола, тоа се одвива согласно утврдениот протокол и тој на 17ти Јули, треба да замине за Турција со цел примање на четвртиот дел од терапијата. Никола, кога те запознав ти кажав дека во мене низ целиот твој живот ќе имаш пријател и сојузник. И тоа ќе остане така, објави Стефковски.

 

skopjeinfo.mk