(ВИДЕО) Поплави во североисточниот дел на САД, Загрозени 13 милиони луѓе

Обилните врнежи предизвикаа поплави во североисточниот дел на САД, а една жена загина, додека предупредувањето е на сила за повеќе од 13 милиони Американци.

Предупредувањето се однесува на американските сојузни држави Њујорк, Мејн и Вермонт, додека нови врнежи се очекуваат и денеска.

Невремето започна за време на викендот и продолжи во понеделникот, објави Ројтерс. Според прелиминарната проценка на метеоролошката агенција AccuWeather, причинета е штета и економска загуба од три до пет милијарди долари.

Повеќе од 1.000 влезни и појдовни летови на аеродромите низ регионот, вклучително и њујоршкиот Ла Гвардија и бостонскиот Логан, беа одложени или откажани во понеделникот поради дождот.

Претставниците на Вермонт рекоа дека тоа е најголемата поплава од 2011 година. Во некои делови на Вермонт веќе паднаа меѓу 17 и 20 сантиметри дожд на метар квадратен, а 50 луѓе се евакуирани со бродови поради поплави.

видео: USA TODAY