Српскиот град Крагујевац, вечерва го погоди силен земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала. Апарати на Сеизмолошкиот завод на Србија го регистрирале во 17:25 часот.
Исплашени граѓани на социјалните мрежи споделуваат дека почувствувале силно тресење. Имало и втор потрес кој бил со јачина од 2,3 степени.
фото: Архива