Откази за 27 вработени во Комунална хигиена

Откази од ЈП Комунална хигиена добија уште 27 вработени, кои за тоа дознале синоќа доаѓајќи трета смена на работа. Меѓу отпуштените има и вработени кои учествуваа во блокадите пред претпријатието, 24.mk.

Дел од нив денеска ги добија отказните решенија. Велат дека отказите се неправедни, а работниците само ги барале правата за К-15, бенефициран стаж и повисоки плати. Правдата велат ќе ја бараат по инситуционален пат.

Образложението на директорката на претрпијатието пак зад која застана и градоначалничката Арсовска е дека станува збор за вработени кои што земале плата од претпријатието, а не се појавувале на работа. Дел биле и трајно отселени од државава.

Случајот со комуналното претпријатие го истражува и обвинителството, до каде се пристигнати неколку пријави. Оттаму ги повикуваат надлежните институции да извршат проверки и да достават соодветни поднесоци за сите кривични дела што ќе ги откријат.

 

извор: 24.mk