Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ 21 истакна дека со работењето на сите енергетски капацитети во државата и со мерките за штедење во јавниот сектор, но и кај домаќинствата, очекувано е да има доволно струја.
„Сите капацитети на државата за производство на струја ги користиме, но за жал ние имаме производствени капацитети стари и по 40 години години и ако немате редовно и добро одржување тогаш тој систем нема да може да испорача електрична енергија“, рече Битиќи, додавајќи дека и пред 10 години било познато дека државата е зависна од увоз на електрична енергија.
Битиќи истакна дека се очекува конечно да биде успешен тендерот за Чебрен, што ќе претставува најголема капитална инвестиција во енергетскиот сектор.
Потпретседателот Битиќи нагласи дека Владата им помага на компаниите и со обезбедување на финансиски средства преку кредитни линии за да се овозможи подобрена ликвидност.
„Ние во јуни за 68 илјади компании имаме обезбедено гарантирана цена на струјата која ќе биде гарантирана во следните шест месеци, но кај нас повеќе барања доаѓаат од компаниите на слободен пазар, а тоа се околу 1.360 компании, најголеми потрошувачи на струја, се обидуваме да најдеме енергенси од надвор на слободниот пазар, но многу обиди се покажаа како невозможни“, рече Битиќи.
Тој нагласи дека успех е дека по низа години Бугарија ослободи дел од капацитетите на гасоводот за транспорт на гас до нашата држава.
„Приоритет на Владата е да ги задржи работните места, а за тоа мора да покажеме солидарност, се надевам дека ќе бидеме во можност, дека фискалниот простор во оваа година ќе биде доволен за да одговориме соодветно со таков пакет, го преговараме и разговараме секојдневно со компаниите и тоа нема да биде мерка само за еден месец туку неколку месеци колку што може да биде“, вели Битиќи.
извор: СДСМ