Затекнати лица како дотураат дабово дрво без испратница во Кичево

На ден 27.07.2022 година во 05.30 часот изутрината, од страна на реонските шумочувари од подружницата Лопушник во Кичево, во атарот на село Речани, во Шумско стопанската единица Рабетинска река, оддел 18, м.в. над Бункери, затекнати се лица како дотураат и носат дабово огревно дрво без испратница и нежигосано. По извршената контрола изготвен е записник и пријава за лицата затекнати на лице место, кои превезувале бесправно посечено огревно дрво, а дрвната маса е одземена, информираат од ЈП Национални шуми.