Ковачевски – Мицотакис: Грција останува силен партнер на Северна Македонија на патот кон ЕУ

0
114

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на вториот ден од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија оствари билатерална средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

На средбата соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Грција и беше потенцирана подготвеноста за нивно зајакнување и проширување на соработката во секое поле од заемен интерес, а посебно на економски план.

Двајцата премиери изразија задоволство од трендот на зголемување на трговската размена меѓу Северна Македонија и Грција. Ковачевски и Мицотакис истакнаа дека од клучна важност е соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.

Премиерот Ковачевски му ја честиташе победата на неодамнешните избори на својот грчки колега Мицотакис и изрази уверување дека соработката помеѓу двете Влади ќе продолжи со зголемен интензитет. Воедно, се заблагодари за силната грчка поддршка на процесот на интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија.

На средбата соговорниците разговараа и за актуелните регионални теми.

извор: Влада