Телма во Студеничани: Електричари на ЕВН со полициско засилување почнаа да работат на мрежата “окупирана” од едно семејство

Дел од жителите по третпат се обидоа да ги спречат екипите на ЕВН да работат на модернизација на електродистрибутивната мрежа, јавува „Телма“ од Студеничани, каде потребно е да се работи на четири столбови од електродистрибутивната мрежа.

Полициски службеници беа на терен, повикаа и засилување по што се создадоа услови за дислокација на мрежните ормари и работниците започнаа со интервенции, пренесува телевизијата.

ЕВН преку соопштение претходно информираше дека едно семејство узурпирало дел од локалната мрежа поради што 30–тина семејства немаа струја, а екипите не можеа да го отстранат дефектот.

извор: Телма