Леброн Џејмс, кошаркарската ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, еден од тимовите во американската Национална кошаркарска лига (НБА), изјави дека ќе ја продолжи својата професионална кариера, пренесува Анадолу.
Џејмс ја донесе оваа одлука откако претходно рече дека ќе размисли дали ќе продолжи со кошарката по поразот на Лос Анџелес Лејкерс од Денвер Нагетс со 4:0 во финалната серија на плеј-офот на Западната конференција.
Ол-стар ѕвездата на Лејкерс ја освои наградата на ЕСПУ за постигнати најголем број поени на вечната листа меѓу кошаркарите на НБА, надминувајќи ја НБА-легендата Карим Абдул-Џабар и стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.
Во својот говор на подиумот Џејмс рече: „Не ми е грижа како постигнувам многу поени или што можам да направам на теренот. Главното прашање за мене е: Дали можам да ја играм оваа игра без да се залажувам? Имате среќа бидејќи тој ден не е денес.“
Леброн Џејмс, кому следната сезона ќе му биде 21. во НБА ,ќе биде шестиот играч што го постигнал тоа, покрај Дирк Новицки, Кевин Гарнет, Роберт Периш, Кевин Вилис и Винс Картер.
Иако во декември ќе наврши 39 години, ѕвездата на Лејкерс, кој го одржува своето место меѓу најдобрите играчи во лигата, регуларниот дел од сезоната 2022-2023 во НБА го заврши со просек од 28,9 поени, 8,3 скока и 6,8 асистенции.
извор:Анадолу.