(ВИДЕО) Петгодишниот Огнен од Србија сруши светски рекорд и стана најмладиот освојувач на Килиманџаро

Петгодишниот Огнен Живковиќ од Србија сруши светски рекорд и стана најмладиот освојувач на Килиманџаро.

Се искачи на највисокиот планински масив во Африка, чиј највисок врв се наоѓа на 5.895 метри надморска височина, објави „Мондо“. Огнен успеа да го сруши рекордот на Колтон Танер од Албакерки, Ново Мексико, кој го искачи овој врв на шестгодишна возраст.

„На шестгодишна возраст, Колтин ја помина полесната патека Лемош за седум дена. Оги ја одеше патеката Машаме, која е потешка, и го освои Килиманџаро за шест дена, на пет години“, изјави мајката на Огнен, Катарина Живковиќ (28), фотографка.
Мајката на момчето вели дека рекордот на Огнен е скоро невозможно да биде срушен – следното дете што ќе го искачи Килиманџаро, а сака да постави нов рекорд, ќе треба да има четири години.
Огњен ги имал своите први излегувања во природа на тригодишна возраст, во Баварската шума. По петтиот роденден го освоил Ртањ на потешката северна страна, спиел во шатор на 4 Целзиусови степени и утрото преку селото Морова се спуштил на јужната страна.

 

mondo.rs