(ФОТО) Се облекоа во истите костуми од пред 25 години, Викторија и Дејвид Бекам прославија годишница

0
29

Денес, Дејвид и Викторија Бекам ја слават 25-тата годишнина од стапувањето во брак.

По тој повод, славниот пар повторно ги облече истите виолетови модни комбинации од свадбата и се фотографираше на златни тронови, какви што имаше кога стапи во брак.

50-годишната дизајнерка го носеше фустанот од Антонио Берарди во кој му го кажа судбоносното „Да“ на 49-годишниот фудбалер во 1999 година. Дејвид го носеше познатиот виолетов костум и обувките во складна боја.

„Погледнете што најдовме“ – напиша шеговито Дејвид на Instagram.

Дејвид и Викторија стапија во брак во замок во Ирска на церемонија која чинеше милион долари. На прославата присуствуваше и нивното синче Бруклин.

Тие сега имаат четири деца.