Почитувани мои, поради разведрувањето кое се очекува насекаде во Македонија, претстојната ноќ и утрешното петочно утро повторно ќе биде многу свежо. На повеќе места температурите ќе се спуштат до околу 10 степени, а особено во Беровскиот регион, како и на повисоките места во западните и северозападните предели тие ќе се спуштат и под 10 степени.
Во најтоплите југоисточни предели температурата ќе остане над 15 степени.
Во Скопскиот регион температурата во текот на претстојната ноќ и утре наутро ќе се спушти до околу 13 степени.
Веќе од утре во текот на денот температурите ќе бидат во пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот, но детална анализа околу ова следува во следните мои метео објави, стои во најновата најава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.