Собранието на Северна Македонија денеска ја продолжува расправата по единствена точка на дневен ред е „Информација за содржината на Нацрт-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, што беше предложена од француското претседателство на Советот на Европската Унија на 30 јуни“. Седницата почна вчера по обраќањето пред пратениците на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која порача дека местото на Македонија е во Европската унија.
Радио Слободна Европа