ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ е фотографирана пред ресторан во Лос Анџелес додека пристигнувала на ручек со 17-годишната Вајолет, ќерката на нејзиниот сопруг Бен Афлек.
Актерката пристигнала во бели широки панталони и беж кошула, со која искомбинирала Биркин чанта која чини околу 24.000 долари (околу 21.000 евра).
Инаку, Лопез и Бен Афлек неодамна купиле луксузна вила во Wallingford Estates во Беверли Хилс, за која потрошиле 60 милиони долари. Куќата има 12 спални соби и 24 бањи.
Имотот првично беше продаден за 135 милиони долари пред пет години, но цената се намали со текот на годините. Во мај куќата повторно беше ставена на продажба за 75 милиони долари, но славниот пар успеа да ја намали и таа цена.
index.hr