Собраното знаење може брзо да се изгуби, на пример поради застарена техника за складирање што никој веќе не ја користи. Информациите на дискета или флопи-диск остануваат недостапни доколку нема соодветни читачи. Покрај тоа, јазикот и пишувањето продолжуваат да се развиваат, така што дури и информациите во книга – која барем може да се отвори – можат да станат неразбирливи.
Речиси е невозможно да се стигне до информации кои не се запишани никаде и не се зачувани за потомството.
Кој пишува – опстојува
Затоа е толку тешко да се одговори на всушност едноставното прашање за најстариот јазик во светот. Јазиците можеби се пренесувале усно со векови, но ако не оставиле пишана трага – се забораваат.
Само пишаниот јазик остава разбирливи траги. И тоа само ако се пишувало на материјал кој го издржал тестот на времето. Записите на органски материјали, како што е кората, се во голема мера изгубени, додека текстовите на камен или глина преживеале илјадници години. Дали денес сè уште можеме да ги читаме и разбереме е друго прашање.
Најстарите пишани докази
Најраниот документиран пишан јазик е клинестото писмо, во кое знаците се втиснувале во сè уште меки глинени плочи. Отисоците имале форма на клин, по што писмото го добило името. Најстарите познати клинести писма потекнуваат од Сумерите, кои во 4-тиот милениум п.н.е. биле развиени во Месопотамија, „земјата меѓу реките“ Еуфрат и Тигар (во денешен Ирак). Веќе од периодот од 3 милениум п.н.е. текстовите се пренесувале. Епот за Гилгамеш е најпознатото дело на сумерскиот јазик. Јазиците со клинесто писмо биле исто така одлучувачки за подоцнежниот развој на европското писмо.

Санскрит постои повеќе од 3.000 години, но денес речиси и не се зборува. Најраните пишани записи на санскрит се хинду-текстови, кои датираат помеѓу 1.500 и 1.200 п.н.е. и се напишани како веди, збирка религиозни текстови. Тој бил првенствено научен јазик, користен во антички индиски текстови, религиозни записи и литературни дела. Сепак, санскрит е јазик на потекло на многу современи индиски јазици и регионални дијалекти.
Кинескиот јазик е еден од најстарите континуирано зборувани јазици во светот и денес го зборуваат над милијарда луѓе. Корените на кинескиот може да се следат илјадници години наназад. Кинескиот јазик веројатно потекнува од пред 4.500 години, а настанал од прото-сино-тибетскиот, кој се смета за предок и на бурманскиот и тибетскиот јазик. Најрани наоди на кинеско писмо се натписи на школки од желки и животински коски, стари околу 3.300 години.
Хебрејскиот и арапскиот се исто така меѓу најстарите јазици што сè уште се зборуваат. Јазичните корени на овие два афро-азиски јазика досегаат 10.000 до 20.000 години во минатото, но најраните пишани записи за двата јазика се од пред „само“ 3.000 години.
Имало ли заеднички прајазик?
Се разбира, дури и ако не може да се најдат писмени докази, луѓето имале сложени комуникациски системи со кои можеле да комуницираат илјадници години. Постојат различни лингвистички теории за потеклото на човечкиот јазик, но ниту една од нив не е целосно докажана.
Човечкиот јазик можеби настанал преку комбинација на фактори, вклучувајќи развој на сложени мозоци, социјална интеракција и потреба за соработка во ловот и собирањето храна. Јазикот можеби еволуирал со текот на времето од комбинацијата на гестови со рацете и движењата на телото.
Исто така, постои теорија дека некогаш постоел таканаречен „протојазик“ (прајазик), односно древен заеднички јазик од кој со текот на времето произлегле сите современи јазици. Сепак, нема доволно докази дека таков универзален заеднички јазик некогаш постоел.
DW