Бојан Кокал се шеташе со другарите покрај Иварчкото езеро во Словенија. За време на опуштена прошетка во природа, еден од нив видел куче како плива во ледена вода, а сопственикот никаде го немал на повидок.
Набрзо сфатиле дека ситуацијата е многу проблематична и дека кучето не може самостојно да излезе од водата и дека нема кој да му помогне. Почнаа да бараат начини како да го извлечат од замрзнатото езеро. Прво му фрлија јаже на кутрето, но тоа не му помогна да излезе.
Тогаш еден од мажите влегол во замрзнатото езеро бидејќи сфатиле дека немаат други опции. Немаше време да повикаат помош, а знаеја дека ако кучето остане предолго внатре, повеќе нема да има сила да плива. На крајот приказната завршила среќно и кучето било спасено од ледената вода.
– На кого и да му припаѓа ова куче што талкаше по Иварчки, ми должи пиво – напиша тој покрај видеото објавено на Фејсбук.