(ФОТО) Романтично запросување во палатата Џани Версаче во Мајами

„Отсекогаш Америка била предизвик за нас, но Мајами е посебен град кој никогаш не спие, токму заради посебноста на овој град партнерот го избрал прекрасниот замок, односно куќата на Џани Версаче за запросувањето“ – открива за CRNOBELO.com Андреа од Штип.

Андреа и Дарко од Штип во моментов уживаат во одмор на Бахамите, по романтичното запросување што тој ѝ го приреди во куќата на Џани Версаче во Мајами.

Андреа (30) по занимање е доктор, а Дарко (34) е директор на приватна здравствена установа, а во врска се 13 години.

„Отсекогаш Америка била предизвик за нас, но Мајами е посебен град кој никогаш не спие, токму заради посебноста на овој град партнерот го избрал прекрасниот замок, односно куќаta на Џани Версаче (Gianni’s At The Former Versace Mansion) за запросувањето.

Секако, дека бев изненадена и доста возбудена“ – вели Андреа.

Претходно Андреа и Дарко биле на патување низ САД, па така таа воопшто не претпоставувала дека оттаму таа ќе се врати со свршенички прстен.

„Патувањето започна во Њујорк, каде ги посетивме Тајмс Сквер, Статуата на слободата, Емпаер Стејт Билдинг, Бруклин, Централ Парк, Рокфелер центар, Самит Еден Вандербилт (96-ти кат) од каде се гледа целиот град, Менхетн, потоа Вашингтон, Белата куќа и посетата на Њу Џерси.

Потоа, продолживме во Мајами каде ги посетивме Downtown MiamiSouth BeachWynwoodBrickellCollins AveNikki Beach, a сега моментално сме на Бахами“ – открива таа.

 

 

crnobelo.mk