Двајца Македонци застрелани на Халкидики во Грција – едниот почина, вториот се бори за живот!

Убиство се случи утрово во Ханиоти, Халкидики во Грција, дознава 4NEWS.mk. Конкретно, околу 3:30 часот биле застрелани две лица од Македонија. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра.

Еден од двајцата, 39-годишен починал, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос.

Како што дознава 4NEWS.mk починатиот е познат бизнисмен од Скопје, сопственик на казино.

Според очевидци, непознати мажи со качулки се приближиле до изнајмената соба во која престојувале и пукале во нив.

Полициската управа Полигирос спроведува прелиминарна истрага.

Од Министерството за надворешни работи велат дека работат на случајот.

извор: 4NEWS.mk.