Уапсен поп на Родос, на турист од Естонија му ги осветил гениталиите со „свето масло“

Полицијата на Родос уапсила 49-годишен поп под обвинение дека му го нарушил сексуалното достоинство на 30-годишен турист од Естонија така што му ги осветил гениталиите со „свето масло“.

Како што објави локалниот весник „Димократики“, туристот бил во посета на манастир во јужниот дел на островот, каде што го запознал свештеникот. Туристот му рекол дека купил крст, но не знаел каде го оставил. По некое време, попот го известил по телефон дека го пронашол крстот.

Кога Естонецот се вратил во манастирот следното утро, попот го поканил во собата каде што вообичаено примал посетители со цел да му даде специјален подарок. Попот потоа побарал од него да се соблече за да го освети со масло.

Туристот рекол дека попот неколку секунди му го мачкал пенисот со маслото и не се побунил зашто мислел дека тоа е нормална процедура. Подоцна сепак поднесол пријава во полиција, по што попот бил приведен. Попот во полиција се бранел дека го употребил маслото зашто туристот имал осип.

sdk.mk