ЛИВНО е единственото место во светот, заедно со Монголија и Исланд, каде што можете да наидете на неколку стада диви коњи – на едно место. Овие прекрасни коњи со години живеат во самото подножје на планината Цинчар.
Денес нивниот број се искачи на повеќе од 600 и тие претставуваат една од главните туристички атракции за Ливно, но и за цела Босна и Херцеговина.
Тие првично не се диви коњи, туку се потомци на домашни коњи кои се користеле за работа на полињата. Откако пред педесетина години беа заменети со машини, сопствениците ги пуштија во дивината бидејќи многумина повеќе не можеа да ги хранат. Од 2013 година тие се заштитени со закон.
index.hr