Судот одреди притвор за Исмет Гури

0
130

Судија на претходна постапка денеска го прифати барањето на Основното јавно обвинителство (ОЈО) и на Исмет Гури, поранешен заменик директор на УЈП, му одреди 30 дена притвор. Притвор е одреден и за уште две лица, кои утрово исто така беа успасени во акцијата на МВР и Обвинителството, со која 15 лица се сомничат за даночно затајување и злосторничко здружување, објави Фокус.

Истата мерка ја доби уште едно лице кое е недостапно. За него, притворот ќе важи од денот на пронаоѓањето

Притворот е определен бидејќи Кривичен смета дека се оправдани основите по кои обвинителството бараше притвор, а тоа се опасност од бегство, како и опасност од сокривање, фалсификување или уништување траги и опасност од влијание врз сведоци со што би можела да се попречи истрагата.

Гури е дел од осомничените во денешната голема акција на МВР и Обвинителството, кој минатата недела беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3.

За останатите осомничени, пак, ОЈО ГОКК бараше поблаги мерки за обезбедување присуство.

Текстот во целост на: Фокус.