Приведено лице поради напад на новинарска екипа во Росоман, следува соодветна пријава

На 19.07.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.Р.(43) од Росоман. Тој, на 18.07.2023 на излезот од Росоман, агресивно се однесувал кон новинар на телевизиска екипа кој снимал инсерти од сообраќајна незгода, а потоа и ја оштетил неговата камера. Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

извор: МВР