(Вонемирувачко видео) Правејќи фотографија покрај разбеснетото море мајка на три деца се удави

Индијка, мајка на три деца, се удавила пред очите на своето семејство откако ја однесе бран додека се фотографираше со сопругот. Џиоти Сонар (32) и нејзиниот сопруг Мукеш се гледа како седат на карпа на популарното шеталиште Бандра Бендстанд во Мумбаи.

Тие се смееја и се држеа додека морето беснееше зад нив, надевајќи се дека ќе добијат добра фотографија. И покрај тоа што беа обземени од брановите, тие не се повлекоа на брегот.

Во еден момент голем бран ги повлече во морето, додека некој од брегот ја снимаше ужасната сцена.

На вознемирувачката снимка се слуша како детето извикува „мамо, мамо“, пред да заврши клипот.

Нејзиниот сопруг е спасен, а мајката се удави во водата, пренесува The Sun.

Очевидци повикаа полиција по инцидентот и веднаш е започната спасувачка акција.

Телото на несреќната жена е пронајдено 20 часа подоцна. Таа била пренесена во болница каде била констатирана смрт.

 

 

 

а1он.мк