По допрен глас, МВР поднесе пријава против раководството на „Мал битолски Монмартр“ културна установа која во неколку наврати изминатиот период носеше деца во посета во Бугарија и на средба со бугарски политичари, меѓу кои и претседателот Румен Радев.
Полицијата го известила Основното јавно обвинителство, а реагираше и првата детска амбасада во светот Меѓаши со констатација за злоупотреба на децата за политички цели, објави Телма.
„За жал, наместо децата да се третираат сериозно, тука се користат како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи. Го повикуваме Основното јавно обвинителство (ОЈО) да преземе соодветни мерки особено поради инволвирање на децата од Македонија во политички кампањи во друга земја и неколкукратно прекршување на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и Член 12 став 4 од Законот за заштита на деца: ‘Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување’“, порачуваат од „Меѓаши“.
Настанот се случи пред неколку месеци во организација на фондацијата Бугарска Меморија на бугарскиот тајкун Милен Врабевски кој ги финансира и клубовите „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ во Македонија. Во рамките на проектот од „Од двете страни на границата“ Врабески го плати 5 дневниот престој на 10 деца од детското ликовно студио „Св Кирил и Методиј“ од Битола. За раководството нема ништо спорно во овој проект, за кој велат гради културни мостови меѓу двата народа, а децата во Бугарија допатуваа со согласност на родителите.
Текстот во целост на: Телма.