Србин се ожени за 20 години помлада Албанка – Отиде да ја види 3 пати, а мораше да ги исполни овие услови! Скапо го чинеше, но еве што вели за бракот

Марко Милутиновиќ од селото Дрежник кај Ужице со години барал жена, но како што минувале годините, а неможел да се одбери сопатник тој донел одлука да се ожени со млада Албанка.

Имено, тој долго се распрашувал, неколку пати одел во Скадар, но сите барале 3-4.000 евра за да му донесат жена.

Потоа, со помош на неговата снаа, која имала роднини во Албанија, ја запознал дваесет и тригодишната Магнола. И покрај тоа што е речиси две децении помлада од него, младата Албанка е во брак со Марко десет години, имаат ќерка и син.

А како Марко отишол во Скадар, какви обичаи владеат таму, што мора да исполни младоженецот за да „купи“ Албанка и зошто млад човек купува златно синџирче, прстен и костум, Марко раскажува:

– Неколку пати отидов во Скадар, гледав девојки, ниту една не ме привлекуваше, па ме прашаа каква жена барам. Не барав жена со која ќе поминувам време, туку за брак. Имав 46 години кога ја запознав Магнола, но жената што преведуваше на албански рече дека имам 36 години. За среќа изгледам помладо, па лесно поверуваа.
– Магнола дури после три месеци, виде дека јас сум роден во 66-та, а не во 76-та година во пасошот. Па потоа ѝ се јавила на мајка и и и рекла „О, мајко, има 46 години, може да ми биде татко“ – низ насмевка го раскажува Марко почетокот на животот со Албанка.

– Сепак, Магнола тоа брзо го надмина, годините не се важни кога некој добро се снаоѓа. За три месеци научи српски, добро се вклопи, добра и е со луѓето во селото и јас сум презадоволен – вели Ужичанин.

Марко тогаш рече дека кога слушнале дека се оженил за Албанка, рекле „па зошто Албанка“, кружеле приказни од „уво до уво“, но потоа се се смирило.

Во селата има претежно постари луѓе, а тие мажи кои остануваат неженети тешко наоѓаат жена која сака да живее на село. Тешко се одлучуваат за Албанка, прво поради нејзината националност, а второ поради парите што му ги даваат на кој ќе му најде жена.

– Во Албанија одите три пати, првиот пат кога ќе се сретнете. Ако ви се допаѓате, тогаш закажете го следниот состанок. На втората средба доаѓаш кај неа на кафе, оставаш 50 евра под шолјата, вака е албанскиот обичај, а парите ги зема мајката на идната сопруга.

– Потоа одиш во град со неа, нејзината мајка и преведувачот. Таму купуваш одело, златно синџирче и прстен (бидејќи и тоа им е обичај), подоцна се враќаш дома на ручек, па после можеш да си одиш – рекол Марко за албанските обичаи.

– За време на третата средба се прави свадбата, во нивниот ресторан. Албанците инсистираат на тоа. На нивните свадби нема класичен автомобил и трубач, како на српските свадби, а младоженецот купува венчаница.

Марко тогаш изјави дека Албанките се едноставни жени, ги сакаат истите работи како Србинките, а на оние кои велат дека бракот со нив е скапо, Марко вели дека и нашите девојки се „скапи“ и дека Албанките се многу поскромни.

– Ним им е важно мажот да е добар, да не ја малтретира сопругата, да не сака изневерување. Тие се тип што кога еднаш ќе заминат, никогаш не се враќаат. За нив разводот е срам, па затоа многу внимаваат во чија куќа влегуваат. Кога се договоривме да се венчаме, братот на Магнола дојде да види каде живеам.

Не им е гајле за пари, јас немам кола, одиме со автобус, ама нејзе не и пречи. Можам да и купам и патики за 1.000 динари, нема да се лути – рекол Марко.

Марко вели дека пред неколку години трендот Србите да стапуваат во брак со Албанки бил многу поголем, а се чини дека е намален во последната година:

– Познавам многу Албанки кои се преселиле овде во Бајина Башта, Ариље, Луново село, сега ги има помалку. Таму долу нема ни толку многу девојки како порано. Сите заминаа во Германија, Англија, Грција. Мојата баба има десет деца, што е нормално во Албанија. Во куќата останаа само братот и снаата на Магнола, сите заминаа во странство – изјави Марко за состојбата во Албанија.

извор: Курир.рс