(ВИДЕО) Хрватска погодена од ново силно невреме, вода протече и во Хрватскиот Сабор за време на вонредна седница

Хрватска погодена од ново силно невреме. Во Пореч има огромен црн облак кој го „проголта“ овој приморски град. Силното невреме го опустоши истарски Новиград. За само 15 минути невремето собори околу 200 дрвја, уништен е кампот Сирена, оштетувања имало и во кампот Лагуна, оштетени се бројни автомобили и камп приколки, дрвја во градот паднале врз црквата, уништени се паркови.

Хрватскиот Сабор денеска ја започна вонредната седница на која се расправа за штрајкот во правосудството и аферата со плин, а која беше свикана на барање на претседателот Зоран Милановиќ.

Седницата треба да трае три дена.Денекса првиот ден од расправата ќе остане запаметен по тоа што во салата каде се одржува седницата протече вода.

Водата почна да тече преку отворениот прозор и низ ѕивовите во салата, а почна да влегува и преку главната врата која веднаш беше затворена.

Додека во парламентот трае вонредната седница, цела држава се соочува со невреме. Дури во пет региони во Хрватска има црвен метеоаларм, додека во останатите делови на сила е портокалово ниво на предупредување.