Се огласи Артан Груби по повод опожареното возило: Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам

Првиот вицепремиер Артан Груби на својот Фејсбук профил се јави по повод запалениот автомобил.

Имено, тој им се извинува на соседите за вознемирувањето.

„Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија.

Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија.

Во политиката сум за да служам и да оставам трага со работа и дела, а не да ми се тероризира семејството, соседите и пријателите.

Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните.

Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите.

Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад.

Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!“, напиша Груби.

Извор: ФБ Артан Груби