На денешната прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши беше искаран од новинарка дека не го користи вистинското име на државата – „Република Cеверна Македонија“.
Додека министерот објаснуваше зошто гласал за концесиите за рудникот Иловица-Штука, новинарката Александра Дуковска се побуни зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија кога, таа, како што рече, е непостоечка држава.
– Зборувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња – реагираше Дуковска.
Таа го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата, а тој и одговори дека знае.
– Cеверна Македонија – рече тој.
– Па што е ова тогаш, зошто ја ословувате како Република Македонија, која ви е таа држава? – инсистираше новинарката.
На ова министерот Бектеши ѝ одговори:
„Само да бидеме начисто. Документите и зошто викам Република Македонија се донесени кога името на државата било Република Македонија. Нема никаков проблем да не кажувам Република Македонија“.