Јапонија беше сведок на најголемо намалување на населението минатата година, тренд забележан во сите 47 префектури во земјата, според официјалните податоци, пренесува Анадолу.
Населението на Јапонците се намалило за околу 801.000 лица, односно на 122,42 милиони во 2022 година, објави „Кјодо њуз“, цитирајќи податоци собрани за време на демографското истражување спроведено од Министерството за внатрешни работи и комуникации.
Во веста се вели дека од 1968 година првпат е забележан пад на населението во сите 47 префектури.
На 1 јануари 2023 година беше пријавено дека вкупното население на Јапонија, вклучително и странски жители, брои 125,41 милиони, што покажува намалување за приближно 511.000 од минатата година.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида повика на спроведување мерки без преседан за решавање на проблемот.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.