Не работат картичките од сите банки во цела Македонија

0
511

Последниве неколку часови банкарските картички во најголем дел се вон функција. Официјално нема информација што се случува, а неофицијално во експозитурите на банките и доколку сакате да добиете информација на конакт телефоните на банките, велат дека се работи за технички проблем на кој интензивно се работи за да се санира. Вон функција, според истите информации, се сите видови картички на сите банки.

Од Македонската банкарска асоцијација се огласија со соопштение. истото ви го пренесуваме во целост:

Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.

Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите.

 

фото: Архива