Јулските пензии ќе се исплаќаат на 31 јули и 1 август

0
184

Пензионерите јулските пензии ќе можат да ги подигнат на шалтерите на банките, зависно од висината на пензиите, на 31 јули и 1 август.

Пензионерите со парите ќе можат да располагаат на 31 јули, без разлика на висината, доколку за тоа ги користат банкарските картички. Односно, пари ќе можат да извадат од банкоматите или да плаќаат во продажната мрежа.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека овој месец има мало доцнење од вообичаено поради тоа што крајот на месецот се поклопи со деновите од викендот.