Два активни пожари во Неготино и Демир Капија, пожарот кај „Гоцева шума“ е 90 отсто изгасната

0
195

Во 15:40 часот, избуванат е пожар на борова шума покрај автопатот Велес -Неготино во близина на фабриката “Македонија” на место викано “Гоцева Шума”. Пожарот бидејќи е на борава шума брзо се шири и истиот има зафатена површина од околу 10 -15 хектари.
Во моментот во гаснењето на пожарот интервенираат 5 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Неготино, 2 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Кавадарци, 3 лица од ЈП Национални шуми подружница Кавадарци, а од 18:30 часот во гаснењето на пожарот е вклучен и 1 хеликоптер со ведро за гаснење на пожар од МВР.
Според последните информации добиени во 20:07 часот пожарот кај местото викано “Гоцева Шума” 90 % е изгаснат.
Во 15:00 часот, започнат е пожар кај с.Копришница, општина Демир Капија. Со пожарот е зафатена сува трева и нискостеблеста шума-прнар.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Неготино. Според последните информации пожарот е сеуште активен.
извор: ЦУК