Разводот на Анета и Џими Мицевски, познатата естрадна двојка од групата „Молика“, се’ уште е топ-тема во медиумите.
По 22 години заеднички живот тие одлучија да се разделат, но ќе продолжиме да ги гледаме на иста сцена до август наредната година до кога веќе имаат договорено настапи и мораат професионално да ги одработат.
Анета веќе го промени и презимето на социјалните мрежи и сега на „Инстаграм“ се потпишува како Љумаковска. Откако јавноста дозна за разводот, таа секојдневно објавува мотивирачки пораки на својот профил.
„Се’ на овој свет е привремено. Животот се менува. Луѓето доаѓаат и си одат. Ниту годишните времиња не траат вечно. Затоа, без разлика низ што поминуваш во моментов, не заборавај дека твојата моментална ситуација не е твојата последна дестинација. Не се предавај!“, е последниот инспиративен говор кој Анета го сподели.