Месец август носи заладување на Балканот и снег на Алпскиот регион, најавува метеорпогнозерот Попоски

Уште во текот на првата седмица од август месец, се поголеми се условите на Балканот да пристигне голем пад на температурите, и продор на значително постуден воздух од север, кој ќе го донесе и снегот во Алпскиот регион, а можен е и на највисоките планински врвови во Словенија.

Исто така, првата седмица од август ни носи и се поголеми услови за временски непогоди во регионот, но не и во Македонија. Дали ние повторно ќе се спасиме од големи дождови и невреме, останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Едно е сигурно, падот на температурите доаѓа, и најмногу тоа ќе го почувствуваат земјите од регионот, кој од летни, ќе се префрлат на есенски температури, пишува во својата објава на социјалните мрежи Попоски.