Сите министри на ДУИ поднесоа оставки до Ковачевски, бараат да се изгласаат уставните измени

0
1969

Сите министри од ДУИ денеска испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го известуваат дека потпишале оставки од функциите кои ги извршуваат, дознава ТВ21.

Според информации на телевизијата, во писмото испратено до премиерот пишува уште дека оставките стануваат ефективи веднаш откако ќе се изгласаат уставните измени, односно ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка и гласа уставни измени.

„Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме!

Оставки, г. Премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во дел од писмото кое го испратиле министри на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.

извор: ТВ21.