Груби: За изгласување на уставните измени подготвени сме да се откажеме и од премиер Албанец

– ДУИ го отвора патот на опозиција да гласа за уставните измени, а тоа е во полза на интеграциите на С.Македонија во Европската Унија и за доброто на граѓаните, вели првиот вицепремиер Артан Груби откако вчера министрите од ДУИ си поднесоа оставка од функциите до премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додава дека за иднината на земјата подготвени се да се откажат и од привремена влада и од премиер Албанец и од нивните мандати.

Од сé што е политички договор на коалицијата ние се откажуваме, под услов македонската опозиција да ги гласа уставните измени, вели Груби во синоќешното интервју за косовската телевизија Т7.

Министрите од ДУИ поднесоа оставки кои би важеле од моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени.

Влада без ДУИ беше едно од барањата кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги постави на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски на 7 јуни, а на која се зборуваше за гласање на уставните измени.

извор: телевизија Т7.