Жена ги гледала скоковите од мостот во Мостар паднала и починала

0
304

Педесет и петгодишна жена од Мостар починала синоќа во Кантоналната болница „Д-р Сафет Мујиќ“, откако вчера била тешко повредена при пад од карпите во реката Неретва, јавува „Дневни аваз“. По падот итно била пренесена во болница каде и биле констатирани повеќекратни скршеници, објави Независен.мк.

Како последица на тешките физички повреди, настанале компликации поврзани со нејзината здравствена состојба. Доктор Мехмед Хазнадар, раководител на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување, потврди дека мерките за реанимација започнале во 21 часот. Сепак, жената во 23 часот и 45 минути им подлегнала на повредите.

55-годишната жена ги гледала скокачите од градината на ресторанот со поглед на мостарскиот Стар мост. Се претпоставува дека во одреден момент се лизнала и паднала. При падот неколку пати удрила во карпите, по што паднала во Неретва.

Благодарение на брзата реакција на Мостарската интервентна спасувачка служба, која нормално се грижи за безбедноста на натпреварувачите, жената со брод е префрлена во Брза помош, а потоа во болница. На местото на настанот биле присутни и припадници на полициската управа на Мостар.

извор: Независен.мк.